Голманот на македонската репрезентација Столе Димитриевски, на мечот со Малта го одигра 60-тиот меч со што се изедначи со голманот кој досега имаше најмногу настапи Петар Милошевски.
„Денес достигнав легенда како Петар Милошевски. Запишав 60 натпревари во репрезентацијата. Му благодарам за тоа што тој го направи за нас, тој е еден од најдобрите голмани во нашата историја. Дај боже да дојде некој после 10 или 15 години и да ме достигне мене“, рече голманот на Рајо после натпреварот со Малта.