Кој сака нека каже ама Кристијано Роналдо е меѓу најдобрите во историјата на фудбалот. Ваков, онаков, ама човекот е фудбалски генијалец.
Урива рекорди како од шега. Така и синоќа, на мечот на неговата Португалија и Лихтенштајн кој заврши со победа на Роналдо и компанија од 4:0.
Тој од синоќа е апсолутен светски рекордер со најмногу настапи за една репрезентацијата. Роналдо синоќа го одигра 197 натпревар за својата Португалија и стигна, со тие два гола, до бројката од 120 голови за својата селекција.
Има уште од рекордите. Роналдо со своите два гола синоќа, први во 2023 година, се впиша во историјата како фудбалер кој во 20 календарски години се впишал во листата на стрелците за Португалија.
Импресивно.