Нека не се враќа во Париз: Меси на “Монументал“ пееше- “Минута молчење за….Франција е мртва“! (ВИДЕО)

3102

Кариерата на Лео Меси трае две децении, себеси се промовира во, веројатно, најдобриот фудбалер во историјата. Кариера без скандали, или поголеми скандали. Откако ја освои светската титула во Катар како и тој да се опушти.

А посебно синоќа на “Монументал“ во Буенос Аирес пред 80.000 свои фанови кога, заедно со останатите свои соиграчи, ја пееше песната- „Минута молчење за…Бразил е мртов, минута молчење за…Франција е мртва“.

Јасно е дека со ова се алудира на настаните од СП во Катар, но како ли сега ќе го прифатат во Франција, во неговиот Париз, односно фановите на ПСЖ кои на последниот меч против Рен буквално го исвиркаа а тој на крајот не сакаше да им отпоздрави.

А после ова подобро за него е да не се враќа во Париз.

ПретходноПротив Ф. Острови без Зајков, Адеми и Димитриевски!
СледноЗидан е фаворитот на Флорентино Перез за клупата на “кралевите“!