ОФИЦИЈАЛНО: Томас Тухел е новиот тренер на Баерн

165

Она што како „бомба“ го лансираше „Билд“ вечерва доби официјална потврда од Баерн Минхен. Јулијан Нагелсман не е повеќе тренер на Баерн Минхен откако челниците одлучиле да му врачат отказ, а на неговото место го ангажирале Томас Тухел. Од Баерн соопштија дека со Тухел потпишале договор до 30 јуни 2025 година, а ќе стартува со работа во понеделник.

Нагелсман имаше фантастични резултати во ЛШ, го елиминираше ПСЖ во осминафиналето и се спласираше во следната фаза во борбата за европската титула. Во домашното првенство Баерн се бори со лидерот Борусија Дортмунд за „Салатарата“.
Нагелсман дојде во Баерн летото 2021 година, а 35-годишниот тренер ја освои Бундес лигата и два Суперкупа со „Баварците“. Меѓутоа во последно време односите на релација управа и играчи не биле на задоволително ниво.

Според „Билд“ отказот на Нагелсман ќе го чини Баерн 27 милиони евра, тоа е платата која Германецот треба да ја заработи до крајот на договорот до 2026 година. Двете страни може да направат и договор дека 35-годишниот тренер да биде исплаќан се додека не пронајде нов клуб. Како споредба Баерн плати 25 милиони евра плус бонуси за да го донесе од Лајпциг.

A новиот тренер Тухел последно работеше во Челзи, а претходно го тренираше и ПСЖ со кого стигна до финалето на ЛШ и освои две титули во Франција. Во Германија работеше во Борусија Дортмунд и во Мајнц.

ПретходноФранцуска ракометна легенда осудена за педофилија
СледноОФИЦИЈАЛНО: Ла Лига ја поништи регистрацијата на Гави и го направи аматер!