Против Ф. Острови без Зајков, Адеми и Димитриевски!

1442

Македонија синоќа ја победи Малта со 2:1 на отворањето на квалификациите за ЕВРО 2024, но веќе во понеделник, исто така на Арената во Скопје, ќе одигра нов натпревар и тоа пријателски, против селекцијата на Ф.Острови.

За опвој меч селекторот Благоја Милевски, кој синоќа доби директен црвен картон, нема да може да смета на Ѓоко Зајков, Аријан Адеми и Столе Димитриевски, како и на Дориан Бабунски на кого не сметаше и за со Малта поради повреда.

Зајков вчера доби потрес на мозокот и тој заврши во болница, најновите информации е дека стоперот е во добра ситуација, но мора да паузира најмалку една недела според новите правила на ФИФА, кои велат дека играч кој ќе биде пренесен во болница поради повреда на главата ќе мора една недела да мирува.

Адеми ќе патува за Кина каде го чека промоција во Пекинг Гуан, инаку тој и вчера не играше поради повреда. Столе Димитриевски се враќа во Шпанија поради клупски обврски.

Сите останати, ако нешто во меѓувреме не се промени, ќе бидат во комбинација за средбата со Ф. Острови.

ПретходноСловенците му се поклонија на Ѓорѓиев: Две МВП награди и јуриш на шампионска титула!
СледноНека не се враќа во Париз: Меси на “Монументал“ пееше- “Минута молчење за….Франција е мртва“! (ВИДЕО)