Работнички ќе ја брани куп-титулата во утрешното финале

170

Одбојкарките на Работнички со максимални 3:0 (25:21, 25:12, 25:20) славеа во првото полуфинале од Ф4 турнирот од Купот на Македонија во Радовиш. Вечерва, шампионките успеаја да дојдат до посакуваниот триумф над големиот градски ривал Јанта Волеј и да застанат на само чекор до одбрана на куп пехарот.

Вечерва се игра второто полуфинале меѓу Наковски волеј и Вардар жени, па победникот од овој меч ќе им парира на шампионките во утрешното женско финале.

ПретходноБројките не лажат: Алварез од Шкупи рамо до рамо со Меси и Нејмар
СледноЦрногорците ги „решија“ Бугарите во Разград (ВИДЕО)