Репрезентацијата У18 ремизираше со Азербејџан

445

Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 18 години одигра 0:0 на гостувањето кај Азербејџан. Нашите фудбалери биле подобри на теренот имале две убави шанси кои не ги реализирале.
Пред крајот на првотот полувреме по удар на Зенделовски од 18-тина метри, топката удрила во раката на противнички играч меѓутоа судијата не свирнал пенал.
Во 50 минута Ѓорѓиевски извел убав слободен удар, но противничкиот голман одбранил, а во 88 минута во убава шанса се нашол и Ливарека чиј шут завршил покрај голот.
Македонија на 27 февруари ќе одигра уште еден меч против Азербејџан.
За МАКЕДОНИЈА играа:
Јакимов, Аризанкоски, Стојилевски, Алији, Зенделовски, Ѓорѓиевски, Таири, Назифи, Цаноски, Бамиџоко, М.Елмас. Играа уште: Љ.Џеков, Серафимов, Ѓ.Џеков, Николовски, Мухтари, Ливарека, Величковски и Михолов

ПретходноЈован Манев го менува Зајков: Среќен сум, ми се исполни сонот
СледноНа Евертон ќе му одземат бодови: Ги прекршиле правилата на ФФП!