Скандал: Тенисери “продавале“ гемови за 400 евра, а натпревари за 2.000 евра!

387

Познато е дека тенисот како спорт е еден од “најпрљавите“ барем кога се однесува до местење, пуштање или “продавање“ на натпревари.

Пред извесно време надлежните водат детална истрага, неколкумихна тенисери добија и казни и суспензии, но она што го наведува Л`Екип навистина е шокантно.

Имено станува збор за тениска мафија, на чие чело е Григор Саргсјан од Ерменија и тој наводно ја водел целата операција околу местенките.

Се врбувале тенисер кои се под 200 место на АТП листата, а познат бил и тарифникот.

За намерно загубен гем во поединечно цената била 400 евра, додека за намерно загубен меч во двојки во два сета истата цената била 2.000 евра. Некои добивале и по 3.000 евра во зависност од квалитетот на турнирот.

ПретходноЕден и единствен: Кристијано Роналдо урива рекорди како од шега!(ФОТО)
СледноСловенците му се поклонија на Ѓорѓиев: Две МВП награди и јуриш на шампионска титула!