Аргентина – Панама 2:0 синоќа во Буенос Аирес во првиот меч за “гаучосите“ после освојувањето на светската титула во Катар. Иако беше пријателска средба, иако беше само 2:0 против тоталниот аутсајдер, сепак се беше перфекција и спектакл на “Монументал“.
Прво поради начинот на кој беше испеана химната на Аргентина од 80.000 фанови, солзите на Лео и Скалони, и носењето на пехарот на теренот, а потоа и поради голот на Лео Меси и тоа гол бр.800 во својата фантастична кариера, и тоа каков гол.
Чиста перфекција од слободен удар, повод за експлозија на “Монументал“.
Да кажеме дека првиот го беше дело на Алмада во 78.минута а ремек-делото на Лео беше во 89.минута.
Спектакл, ова е таа фудбалска Аргентина…
Секоја чест.
Messi's 800th career goal comes as a free kick in his first game with Argentina as World Cup champions.
Perfect.
(via @TV_Publica)pic.twitter.com/sWSREGPOBZ
— B/R Football (@brfootball) March 24, 2023