Страшна несреќа на Еспаргаро: Повреди на грбот, белите дробови и пршлените (ВИДЕО)

450

Шпанскиот мотоциклист и возач на КТМ, Пол Еспаргаро, доживеа тешка несреќа на денешните слободните тренинзи во Португалија, пред првата трка сезонава во Мото ГП шампионатот.

Позитивно е што Шпанецот цело време беше свесен, но се здоби со тешки повреди поради кои беше префрлен во медицинскиот центар. Директорот на медицинскиот персонал во Мото ГП, Анхел Чарт, потврди дека повредите се сериозни .

„Повредите се сериозни, вклучувајќи го грбот, белите дробови и пршлените. Сега треба да се почекаат резултатите од болницата и да се процени степенот на тие повреди. ‘Рбетот е во ред. Невролошки е во добра состојба, не изгубил свест. Не го интубиравме, но има контузија на белите дробови“, вели лекарот на Мото ГП.

ПретходноЦрногорците ги „решија“ Бугарите во Разград (ВИДЕО)
СледноДе Лаурентис: Преговаравме со Алегри, но интуицијата ми кажуваше да го земеме Спалети