Француска ракометна легенда осудена за педофилија

154

Некогашниот француски ракометен репрезентативец, Бруно Мартини е осуден на условна казна затвор во траење од една година поради педофилија. Случајот кој датира од 2020 година го терети Мартини дека имал контакт со 13 годишни момчиња, а полицијата до детал го расветли случајот.

Откако бил пријаен од страна на родител на едноод децата полицијата го претресла неговиот стан и го одземала компјутерот.

„Навистина се срамам од она што го направив. Направив избор каков што направив и тоа е тоа. Правев работи кои во принцип не ги правам. Хетеросаксуалец сум но се препуштив на други искуства. Доколку бев педофил што не сум ќе отидев некаде каде што има деца, барем така ми објаснија од полицијата. Кога сватив дека комуницирам со 13. годишно момче се шокирав“ – изјави Мартини. Тој „паднал“ откако момчето кое со кое што контактирал на апликацијата „Снапчат“ и се доверило на мајка му што всушност се случува.

 

ПретходноНа Евертон ќе му одземат бодови: Ги прекршиле правилата на ФФП!
СледноОФИЦИЈАЛНО: Томас Тухел е новиот тренер на Баерн