Фудбалската Федерација на Македонија предмалку преку социјалните мрежи упати јавна благодарост до навивачите кои вчера присуствуваа на квалификацискиот дуел против Малта во Скопје на Арената Тодор Проески и кои ја бодреа нашата репрезентација во триумфот од 2:1.
Од ФФМ потенцираат дека однесувањето на публиката е на највисоко ниво, и е за пример како треба да се бодри една нацонална селекција. Со надеж дека ова е само почеток на серија мечеви на кои фудбалската репрезентација на Македонија со помош на верната публика ќе постигнува успешни резултати и ќе замине на уште едно големо натпреварување.