Фудбалската репрезентација на Црна Гора оствари победа на стартот од квалификациите за Европското првенство 2024 година, победувајќи ја Бугарија на гости со 1:0.
Црногорците вечерва во Разград славеа со голот на Никола Крстовиќ во 70. минута.
Играчот од средниот ред на Јаблонец, Владимир Јововиќ проигра со Стеван Јоветиќ, па следуваше одлично додавање до Крстовиќ, кој беше прецизен за победа.
Домашниот фудбалер Георги Русев имаше шанса за израмнување во 90. минута, но Стефан Савиќ ја извади топката од гол линијата.
Црна Гора во понеделник ќе се сретне со Србија.