Дефанзивецот на Адана Демирспор, Јован Манев е повикан во најдобрата македонска фудбалска репрезентација за пријателскиот натпревар во понеделник во Скопје против Фарските Острови.
На мечот со Малта се повреди Ѓоко Зајков, а селекторот Благоја Милевски го ослободи Муслиу од обврските кој се врати во Инголштад. Па така нов дефанзивец ќе биде довчерашниот младински репрезентативец Јован Манев. Поранешниот фудбалер на Брегалница треба да се приклучи на репрезентацијата утре во попладневните часови.
„Среќен сум. Чекав и дочекав. Кој не сака да биде репрезентативец на својата земја? Ова е исполнување на сонот. Се надевам дека ќе добијам шанса и одлично ќе се претставам пред публиката“, изјави Манев за „Спортмедиа“.