Македонија синоќа ја победи Малта на стартот од квалификациите за ЕВРО 2024 година, но на денешен ден пред една година се случи чудото во Палермо кога Македонија успеа во полуфиналниот бараж за СП во Катар да ја победи и елиминира една Италија.
И тоа на каков начин, со гол во 90+2.минута на Алекс Трајковски.
Каква победа, каква еуфорија беше тоа на трибините на “Ренцо Барбера“ и меѓу играчите, но и меѓу нашите навивачи кои здушно ја бодреа својата репрезентација.
Тој ден 24 март 2022 година е ден за паметење, дена за фудбалските анали, ден за вечност.
Оваа Македонија ја урниса една Италија, актуелен европски првак.
Ова видео сме го гледале илјадници пати, вреди да се погледне уште еднаш…