Евролига: Олимпијакос не го преживеа белградскиот пекол

305

Кошаркарите на Партизан во уште еден блескав натпревар го совладаа најдобриот тим во досегашниот дел од сезоната во Евролигата, грчки Олимпијакос со 90-75 во натпреварот од 30. Коло. Во белградска „Арена“, „црно-белите“ направија џиновски чекор кон пласман во Топ 8.

По овој триумф Партизан има скор од 17 победи и 13 порази и се израмнети на шестото место со Макаби од Тел Авив. Гостите од Пиреја и по поразот вечерва остануваат лидери во Евролигата, но сега имаат ист сооднос победи-порази како Реал Мадрид.

Џејмс Нунели со 19 и Кевин Пантер со 17 поени беа најдобри вечерва во тимот на Партизан. Најефикасен на натпреварот беше МекКисик со 21 поен.

Во останатите дуели од ова коло, Монако ја совлада Валенсија до 90-79, додека Реал (М) немаше поголеми проблеми на гости во Болоња против Виртус, победувајќи го со 96-79. Прв Фенербахче славеше денеска и тоа со 87-79 над Жалгирис.

ПретходноНаковски Волеј ќе му биде ривал на шампионот во битката за куп пехарот
СледноТотенхем ќе реагира: Нагелсман на местото на Конте