Каков шок за Јулиен Нагелсман синоќа. Баерн Минхен го “откачи“ тренерот за кого плати богатство да го доведе пред неполни две години.
Шокот е поголем ако се знае дека тој ниту во сон не помислувал дека ќе добие откас, со оглед на тоа дека Нагелсман е на скијање во Австрија заедно со својата девојка. За тоа дека е сменет, барем пишувањето на тамошните медиуми, тој дознал од медиумите. Тоа и сам го потврдил.
Иако “баварците“ досега официјално не ја потврдија смената, сепак се е познато.
Нов шеф ќе биде Томас Тухел.