Наковски Волеј ќе му биде ривал на шампионот во битката за куп пехарот

276

Струмичкиот прволигаш Наковски Волеј се пласираше во финалето на Купот во женска конкуренција, откако вечерва во второто полуфинале во Радовиш со 3:1 во сетови (25:16, 22:25, 25:10, 25:11) славеа против екипата на Вардар.

Струмичанки одиграа одличен прв сет, но паднаа во ритамот во вториот и им дозволија на „црвено-црните“ да израмнат. Сепак, квалитетот на Наковски Волеј дојде до израз во третиот и четвртиот сет во кој Вардар едноставно немаше решение за противничкиот напад.

Наковски Волеј во битка за титулата утре ќе се сретне со шампионот Работнички, кој во првото полуфинале го совлада тимот на Јанта Волеј со 3:0.

ПретходноДе Лаурентис: Преговаравме со Алегри, но интуицијата ми кажуваше да го земеме Спалети
СледноЕвролига: Олимпијакос не го преживеа белградскиот пекол