ОФИЦИЈАЛНО: Ла Лига ја поништи регистрацијата на Гави и го направи аматер!

3123

Шпанската Ла Лига го тргна името на младиот играч за врска на Барселона, Гави од листата на играчи на првиот тим. На него денеска и официјално му е поништен договорот кој тој го потпиша со каталонскиот великан, регистрацијата е поништен и тој ќе мора да игра под аматерски договор и со бројот 30 на грбот.
Шпанскиот суд ја потврди одлуката за поништување на регистрацијата и договорот на играчот со Барселона. Тој е тргнат од официјалната страница на Ла Лига и неговиот договор се смета за аматерски.

Претходно тимот од „Ноу Камп“ по правен пат го регистрирале 18-годишниот играч на нов договор вреден осум милиони евра по сезона. Тие дошле до регистрација со тужба, но правниот тим задоцнил со поднесување на тужбата за регистрација и Ла Лига тоа го искористила. Во меѓувреме Ла Лига поднеле жалба на регистрацијата, а судот ја прифатил и така е поништена регистрацијата.

Гави веќе не се води како фудбалер на првиот тим. Тој, сепак, ќе мора до крајот на сезоната да игра за првиот тим со дрес со број 30, но ќе има драстично мала плата како аматер, а од друга страна му истекува договорот на крајот на сезоната. Барселона исто така е во финансиски проблеми, па тешко дека може да му понуди на Гави услови како другите клубови.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Томас Тухел е новиот тренер на Баерн
СледноУште една преселба од РК Вардар во ППД Загреб