Од РК Вардар информираат дека за неделното дерби со Еурофарм Пелистер во слободна продажба се останати уште 1000 билети. Се очекува истите до вечер или утре да бидат продадени по што ќе бидат исполнети трибините во СЦ „Јане Сандански“ во мечот за титулата во ракометниот шампионат.
И двете екипи досега се перфектни во плеј-офот, имаат по четири победи на исто толку средби.
Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра во недела од 18:00 часот.