Ракометарите на Пелистер се чекираа во СЦ “Јане Сандански”!

974

Уште еден ден останува до првата пресметка оваа сезона меѓу двата најголеми кандидати за титулата, Вардар 1961 и Пелистер.

Актуелниот бранител на тронот, тимот на Вардар 1961 е домаќин на првиот меч, истиот се игра утре со почеток во 18 часот.

Битолчани веќе се во Скопје, се чекираа во СЦ Јане Сандански, како што беше најавено ќе одржат тренинг пред мечот. Пелистер три дена пред овој дуел замина на два дена во Маврово каде во мирна атмосфера далеку од јавноста се подготвуваше за пресмета со Вардар.

Утре се очекува трибините да бидат исполнети до последното место, во слободна продажба останаа уште 500.

ПретходноСилекс ја доби контролата со “пандевци“!
СледноМладите “грмат“ во Анталија! (ВИДЕО)