Баерн ќе го плаќа Нагелсман уште долго време

607

Џулиан Нагелсман повеќе не е тренер на Баерн Минхен. Раководството на клубот реши да го смени по серијата лоши резултати, губењето на првото место во Бундес лигата и довербата му ја додели на Томас Тухел.

Она што сега следува е рехабилитација на клубот на резултатски план со нов тренер, и правна и финансиска разрешница со стариот.

Имено, Нагелсман има сериозно квалитетен договор со Баерн кој има важност до 2026 година. Со оглед дека тој е актуелен Нагелсман ќе мора да финансиски обештетен. Една од клаузулите во договорот вели дека Нагелсман и Баерн може да се договорат за отштета поради отказ но на крајот на втората сезона од договорот што не е мината. Па во тој случај, Баерн ќе мора да го плаќа со полна сума на име плата се додека Нагелсман не најде ново работно место. Тоа значи дека Баварците се во минус 700.000 евра месечно се додека некој клуб не се реши да го ангажира Нагелсман за нов тренер. Или поинаку кажано. До 2026 година Наглесман може да бира дали сака да работи или да биде плаќан од страна на Баерн, кој доколку се случи тоа ќе му исплати вкупно околу 30 милиони евра.

Ако на ова се надоврзаат и 15 милиони кои Баерн ги плати на Ред Бул при неговиот трансфер, како и договорените пријателски средби помеѓу двата клуба, кој што профит заминува директно во касата на Ред Бул тогаш ова е веројатно едно од најголемите промашувања во историјата на Баерн.

 

ПретходноПроблем за Далас и Дончиќ, Маверикс загубија трет пат по ред (ВИДЕО)
СледноДончиќ со силна порака на маицата: Се што ми треба е суво месо и ракија