Да се биде или не за МЗТ Скопје: Време е да одиграме најдобро што знаеме!

186

МЗТ Скопје денеска сам ќе одлучи по кој пат дефинитивно ќе чекор кон крајот на сезоната во АБА-лига. Македонскиот првак ги потроши речиси сите џокери, последниот се вика Борац. Избраниците на Драган Николиќ вечерва (19 часот) му гостуваат на овој тим во рамките на 23 коло. Противникот им победа од „сино-белите“, кои пак за да направат голем чекор од дното на табелата ќе треба да ги победат со осум разлика и повеќе за да бидат подобри во меѓусебниот скор, доколку на крајот тоа се пресметува.

Во таборот на МЗТ Скопје се свесни за тежината на натпреварот, па вечерва мора да го извадат најдоброто за да се врати надежта – опстанок во АБА-лига.

„Не очекува меч да се биде или не за двете екипи, бидејќи кој и да загуби ќе остане со минимални шанси за опстанок во АБА-лиха. Ова значи дека кошаркарите на МЗТ Скопје и на Борац во мечот ќе влезат максимално мотивирано и ќе дадат се од себе. Знаеме што треба да направиме за да дојдеме до посакуваната цел. Мора да одиграме подобро и со поголема енергија од дуелот со Игокеа, ако го сториме тоа, тогаш може да се надеваме на успех во Чачак“, изјави Драган Николоќ.

Слично на него размислува и Абу.

„Време е да одиграме најдобро што знаеме. Добро тренираме, енергијата е висока, а мотивацијата е висока, со оглед на важноста на натпреварот. Мора да веруваме во себе и да не мислиме на противникот. Ако одиграме според планираното, имаме сериозна шанса против Чачак да се вратиме со насмевки на лицата“.

ПретходноСтадионот во Лидс затворен од полицијата
СледноИбрахимовиќ постави уште еден рекорд во квалификациите