Дербито на дното во Првата лига му припадна на тимот на Академија ФМП, кој на гостински терен славеше со 94-99 во рамките на 19 коло. За скопскиот состав ова беше само четврта победа, има и 15 порази и се наѓа на претпоследното место на табелата, на другата страна пак струмичани останаа на две победи и сега веќе имаат 17 порази.
По изедначената игра во првото полувреме кое заврши со резултат 54-55, гостите чекор напред кон триумфот направија во третата четвртина ја добија со 13-19, а веќе кон средината на последниот период дојдоа на плус 75-87, се чинеше дека завршницата ќе биде лесна, но избраниците на Јорданчо Давитков пружија силен отпор, за жал истиот не вроди плод.
Меквин со 27 поени и 10 скока беше прв стрелец, Мариновиќ имаше 20 поени, на другата страна Суцов имаше 23 поени.