Динамо Загреб ја претстави новата управа

254

Откако мина исклучително турбулентниот период во рамките на клупските раководни органи околу изборот на новото раководство, клубот Динамо Загреб и официјално ја претстави новата управа.
Медиумите во Хрватска истата ја карактеризираат како почеток на „пост Мамиќ“ ерата, односно за управа која е составена од луѓе кои не се поставени од човекот кој беше алфа и омега на Динамо во последните двесетина години.

За јавноста секако дека најјинтересен дел од новата управа е Дарио Шимиќ некогашниот репрезентативец на Хрватска во кого јавноста гледа лик кој целосно ќе го трансформира клубот од владеењето на Мамиќ и ќе го одведе во нов правец.

Освен Шимиќ нови водачи на Динамо се и претседателката Влатка Перас, Данијел Томачиќ и Дарко Поднар.

Секако, во Динамо сеуште е нашиот репрезентативец Стефан Ристовски, додека досегашниот капитен Аријан Адеми заминува во Кина каде што направи трансфер зимава.

 

ПретходноСелекторот слави роденден, победничка низа како подарок
СледноСтадионот во Лидс затворен од полицијата