Дуелот меѓу Борац и МЗТ Скопје е прекинат на 1:27 до крајот на втората четвртина. Домаќинот има проблем со напојување на струјата, па наеднаш во салата настана мрак. Полека светлата се палат, но оваа средба ќе заврши многу подоцна од планираното.
Кога сме кај играта на МЗТ Скопје, тука можеме да кажеме дека е очајна. Противникот води со 55-35, а актуелниот македонски првак е далеку од посакуваната цел – опстанок во АБА-лига. Овој натпревар мора да го добие за да ги задржи сите надежи дека и следната сезона ќе остане во јадранското натпреварување,
По 10 минути прекин, мечот продолжи.