Велс и приреди вистински шок на Хрватска откако со голот на Бродхед во 92. минута успеа да израмни на 1:1 и да замине непоразен од Сплит во првиот меч од квалификациите за ЕП 2024. Иако Хрватска беше подобра и водеше во добар дел од мечот, до крајот не успеаваа да го одржат водството.
Водечкиот гол го постигна Андреј Крамариќ, во 28. Минута, а резервистот Бродхед им донесе славје на гостите.
Шпанија ја пречека Норвешка во Малага и на крајот победи со 3:0. Конечниот резултат е висок и говори за доминација на Шпанците, но оние кои го следеа мечот знаат дека Норвешка заслужи многу повеќе од овој висок пораз.
Дани Олмо и донесе водство на Шпанија во 13. минута, а во 84. и 85. минута резервистот Хоселу постигна два гола.
Романците немаа поголеми проблеми во Андора, со 2:0 го совладаа домашниот тим со головите на Денис Ман и Алибек.