Лукаку по хет-трикот против Шведска: Му покажав на светот за што сум способен

148

Белгискиот напаѓач Ронелу Лукаку зборуваше за победата на неговата репрезентација над Шведска со 3:0 во првиот меч од квалификациите за ЕВРО 2024. Напаѓачот на Интер ги постигна трите гола на дуелот.

Не беше лесен натпревар, но среќни сме поради победата. Игравме добро. Многу сум среќен што можев да играм толку многу минути и да му покажам на целиот свет што можам да направам. Се чувствувам како еден од лидерите во овој тим. На тренинзите се трудев да ги привлечам младите и да им покажам дека напорната работа секогаш се исплати. Нема смисла да им викате или да ги малтретирате, знам како е да дебитирате бидејќи пред неколку години бев во нивна кожа. Сите се претставија добро и сега можеме да бидеме среќни, иако од понеделник целото внимание мора да биде насочено кон Германија. Можеме да победиме“, изјави Лукаку по мечот.

ПретходноВнимание: Нашиот следен противник, селекцијата на Ф.Острови на последните седум средби има само еден пораз!
СледноСтрумица Никоб со нова титула во Купот!