Македонија ќе игра на ЕП во ракомет на плажа!

141

Македонската ракометна федерација ја прифати поканата на ЕХФ за настап на женската репрезентација на Европското првенство во ракомет на плажа кое ќе се одржи во Португалија.

По откажувањето на селекцијата на Турција од ЕП во женска конкуренција, како и одбиените покани од Чешка и Швајцарија, следна на ранкингот беше токму Македонија.

Нашата земја ќе биде во група со Холандија, Украина и Португалија.

 

ПретходноОпстанокот е невозможна мисија: Очајниот МЗТ Скопје се изгуби во Чачак!
СледноТФТ на крајот убедлив против Феникс во битката за третото место!