Алкалоид и Бутел Скопје за краток период одново се најдоа на теренот. Дебитантот на полувреме има позитива од 12-8, но пред крајот на истото дојде до мешаница на теренот.
Откако Бутел Скопје не успеа да го совлада голманот на Алкалоид, Трајковски, одбиената топка заврши во рацете на Савревски. Овој момент го извади од „патики“ Василевски, го урди противничкиот ракометар и доби директен црвен картон.
На момент на теренот настана мешаница, но истата беше брзо смирена. Бутел Скопје се чини не може да се помири со фактот дека беше елиминиран во Купот и тоа со цепелин.
Овој момент се случи на нецела минути до пред одморот.