Шескратниот светски шампион во Мото ГП, Марк Маркез ќе стартува од првото место на утрешната трка за ГН на Португалија на патеката „Алгарве“ во Портимао. Возачот на Хонда имаше фантастично возење, дури и оствари рекорд на патеката со изминат круг од 1 минута и 37.226 секунди.
Од второто место ќе стартува бранителот на титулата Франческо Банаја од Дукати кој за 0.064 секунди доцнеше во однос на победникот во квалификациите. Од третото место трнува Хорхе Мартин, претставникот на Прамак Дукати кој доцнеше 0.228 секунди во однос на пбедникот.
Локалниот фаворит Мигуел Оливеира (РНФ Априлија) ќе стартува четврти, петти е Џек Милер (КТМ), понатаму Вињалес, Бедзеки и Марини, Зарко, Квартараро и Еспаргаро.
ГП на Португалија ќе се одржи утре со почеток од 16 часот и ќе биде 12 круга подолг, а најдобрите девет ќе освојат поени во генералниот пласман.
You can NEVER count @marcmarquez93 out! 🔥#PortugueseGP 🇵🇹 pic.twitter.com/wAt523IV2F
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) March 25, 2023