Мото ГП: Историска победа за Франческо Пеко Бањаја!

144

Актуелниот светски првак, Франческо Бањаја е победник на првата спринт трка во историјата на Мото ГП шампионатот, тој заврши пред Хорхе Мартин и Марк Маркез.

Пред трката за Големата награда на Португалија, Бањаја славеше со резултат од 19 минути и 52,862 секунди и ги освои првите 12 бода во новата сезона.

На второто место заврши Мартин кој освои девет бода, додека Маркез освои седум бода.

Трката за Големата маграда на Португалија е утре со почеток во 15 часот, од пол позицијата ќе стартува Маркез кој денеска порано беше подобар во квалификациите.

ПретходноПријателски: “Лавовите“ го победија Вардар, Арслан со триумф тргна со Шкупи!
СледноГолден Арт го „збриша“ Радовиш!