Месуд Озил, некогашниот репрезентативец на Германија одлучи среде сезона да ја заврши кариерата. Некогаш еден од најдобрите играчи за врска во светот, член на Арсена и Реал Мадрид покрај другите клубови, на крај заврши во турската лига.
Инаку познато е дека во времето кога беше во Реал Мадрид, тој немаше посебни симпатии спрема тогашниот тренер на “кралевите“ Жозе Мурињо, а причина за тоа била познатата старлета Аида Џеспика, која во тоа време му беше девојка на фудбалерот.
Имено откако Жозе дознал со кого е во врска неговиот фудбалер, тој го повикал во канцеларија и му “објаснил“ се што треба за фамозната и преубава Џеспика.
“Сине, со твојата сегашна девојка има `спиено` цел тим на Милан, цел тим на Интер и плус стручниот штаб. Јас бев во Милано и знам многу добро која е Џеспика“ му рекол Португалецот.
Овие негови зборови ги има потврдено и Флорентино Перез.
После состанокот со Мурињо, Озил и тоа како веќе не можел да го поднесе својот тренер, а не минало многу време тој ја раскинал врската со Џеспика.
Сепак односите со Мурињо засекогаш биле заладени.