Неверојатен гол во Чиле – погоди од далечина од 101 метар за нов светски рекорд!

448

Првиот клуб во кариерата на легендарниот Иван Заморано, чилеанскиот Кобресал играше со најтрофејниот чилеански клуб Коло Коло. На мечот се случи нешто историско. Пред крајот на мечот Кобресал водеше со 2:0, а потоа постигна трет гол за конечна победа од 3:1 и тоа на неверојатен начин.

Автор на овој легендарен гол е голманот Леандро Реквена кој е Аргентинец, а од 2020 година игра во Кобресал. Тој од својата половина ја шутна топката напред, таа падна пред истрчаниот противнички голман кој не смееше да игра со раце затоа што беше надвор од својот шеснаесетник, а потоа не беше доволно брз за да ја стигне пред таа да се истркала во голот.
„Сакав да ја шутнам брзо за да овозможам контра напад. Шутот беше силен, а потоа се случи тоа што се случи“, изјави Реквена.

Пресметувањата за далечината зборуваат дека се работи за 101 метар. Теренот на „Ел Кобре“ стадионот е 105, а голманот ја шутна топката во својот петерец тоа значи дека околу 101 метар е далечината на овој погодок што најверојатно е рекорд.
Според „Гинисовата книга на рекорди“ најдалечиниот гол е 96,1 метар постигнат во ниските лиги на Англија, а претставници од „Гинис“ неколку денови подоцна потврдија дека голот на Кобресал ќе биде впишан како најдалечниот.

ПретходноКвалификации за ЕВРО 2024: Шкотска со тројка го “поздрави“ Кипар! (ВИДЕО)
СледноРепрезентативците се “загреваат“ за дуелот со Ф. Острови! (ФОТО)