Опстанокот е невозможна мисија: Очајниот МЗТ Скопје се изгуби во Чачак!

193

МЗТ Скопје го одигра најлошиот меч оваа сезона во АБА-лига. Наместо рамноправна битка, на теренот против Борац Чачак видовме очај. Избраниците на Драган Николиќ од ова важно гостување си одат со пораз од 105-84 и веќе опстанокот во ова натпреварување е речиси невозможна мисија.

До крајот на регуларниот дел, македонскиот првак ќе ги одмери силите со Задар на домашен терен, Сплит на гости и со Цибона пред своите навивачи. За чудо им требаат три победи и исто толку порази на Борац.

Актуелниот македонски првак гардот го спушти уште на стартот на мечот. МЗТ Скопје поведе со 0-5, па 6-9. Домаќинот успеа да изедначи, по последните 16-17, со серија од 11-0 поведе со 27-17 и веќе не ја испушти позитивата. Во следниот период беше 46-27, а нова серија на Борац од 7-0 на домашните кошаркари им донесе водство од плус 23 (53-29).

Николиќ немаше решение за овој меч, ниту расположени кошаркари за пресврт, за еден вистински отпор, храброст да се одбранат боите на својот тим. Третата четвртина заврши со 30-30, но тоа беше далеку од доволни за да се приреди било какво чудо.

МЗТ Скопје останува да жали што вечерва ниту одблиску не беше на посакуваното ниво. Ова е шестти триумф за Борац, сега има два повеќе од „сино-белите“ кои само со чудо можат да се фатат за сламката – спас.

Кук имаше 20 поени, два помалку запиша Мицовиќ, двоцифрен беше уште Војдан Стојановски со 13 поени.

ПретходноИнтер сонува за Меси и се надева на УЕФА!
СледноМакедонија ќе игра на ЕП во ракомет на плажа!