Пријателска: Струга ТЛ го “растури“ Караорман, броеше до осум, Јахја со хет-трик!

972

Денеска на Градскиот стадион во Струга, се одигра пријателски меч на кој лидерот во ПМФЛ, тимот на Струга ТЛ дури со 8:1 успеа да го победи соседот.

Во текот на мечот тимот на стратегот Шпетим Дуро просто си поигруваше со тимот на Караорман, одлично издание на целиот тим и кога се игра така тогаш ваквиот убедлив триумф и не е изненадување.

Да кажеме дека и кој се стрелците на Струга ТЛ на овој меч. Јахја постигна хет – трик, Шабани два, а по еден постигнаа Јусуфи, Мухарем и Мерџани.

Ова покажува и тоа дека Струга ТЛ во топ – форма ќе “влезе“ во последните осум кола во битката за титулата и во 1/2 финалето во Купот на Македонија.

ПретходноСтрумица Никоб со нова титула во Купот!
СледноНеверојатно: Осумте најпосетени мечеви во историјата на Евролигата и сите кога Партизан бил домаќин!