Проблем за Далас и Дончиќ, Маверикс загубија трет пат по ред (ВИДЕО)

138

Иако Лука Дончиќ стгина до своите стандардни 34 поени во дуелот против Шарлот, сепак, тимот на Далас неочекувано падна во криза во најважниот дел од сезоната и загуби трет меч по ред. Конечните 109:117, се произворд на рано стекнатата предност на Пејсерси која ја одржаа до крајот.

Поразот од Голден Стејд од пред некоја вечер очигледно оставил горчлив вкус, па Далас не успеа да се справи ни со тимот кој нема во моментов резултатски амбиции. Индијана постигна 37 поени во првата четвртина што беше знак за лоша одбрана на домаќинот, што се одрази на остатокот од дуелот. Со 38. пораз во сезоната, Далас остана на 11 позиција на западот и е во ситуација да се плаши за пласман во плеј офот на осум меча до крајот на сезоната. Веќе утре тимот игра во Шарлот и ќе бара резултатска рехабилитација.

Од друга страна тимот на Бостон по шест дуели на гости се врати дома и обезбеди победа нас Индиана од 120:95. Со 51 победа сезонава, Селтикси и натаму покажаа дека имаат намера да бидат лидери на истокот и ја продолжија битката со Милвоки.

Тејтум најдобар со 34 поени, а Џејлен браун додаде свои седум помалку.

 

Резултати:

Бостон – Иднијана 120:95

Вашингтон – Сан Антонио 136:124

Торонто – Детроит 118:97

Мемфис – Хјустон 151:114

Далас – Шарлот 109:117

Јута – Милвоки 116:144

Голден Стејт – Филаделфија 120:112

Портланд – Чикаго 96:124

Сакраменто – Феникс 135 – 127

ЛА Лејкерс – Оклахома 116:111

 

ПретходноСе одмотува клопчето: Нагелсман доби отказ поради својата девојка?!
СледноБаерн ќе го плаќа Нагелсман уште долго време