Кошаркарите на работнички не се препотија премногу за да ја остварат и третата победа во низа во домашниот шампионат. Вечерва на гостувањето кај Куманово во меч од 19. коло, момците од Градски Парк славеа со 82:54 и остануваат меѓу петте најдобри состави во домашното првенство.
Работнички имаше комплетна контрола на средбата, а со самиот факт што беше подобар од Куманово во сите четвртини, не е ни изненадување вака вистоната победа. Кај гостите лидер во триумфот беше Џелетовиќ кој заврши со 30 поени, додека кај Куманово најефикасен беше Адевунми со 16 постигнати коша.
Во вториот меч вечерва Чаир успеа да одигра само едно добро полувреме, кое очигледно не беше доволно за да се изненади стабилниот Гостивар. Гостите заминаа со победа од 97:93.
Чаирчани одиграа одлично прво полувреме во кое ја добија втората третина и со кош повеќе заминаа на одмор. Гостивар се врати со полна сила во третиот период кој го добија со 23:18 и најавија дека нема да остават ништо на случајноста до крајот на мечот.
Во последниот период Гостивар тргна уште подобро, направи поголема разлика уште од стартот на последните 10 минути за на крај, Чаир сепак да го внесе дуелот во неизвесни 60 секунди пред крајот. Гостувар имаше +5, но Чаир успеваше да се доближи на само минус 2, но на крајот не и да се избори за израмнување.
Мустафица и Пајиќ со по 21 поен беа одлични кај домашните, додека кај гостите Ефремовски со 25 поени го предводеше Гостивар до победа.