Работнички ја одбрани титулата во Купот на Македонија

105

Одбојкарките на Работнички ја одбрани титулата во Купот на Македонија, откако денеска во финалето на Ф4 турнирот во Радовиш славеа во четири сета со 3-1 (23-25, 25-18, 30-28, 25-16) против екипата на Наковски Волеј.

Струмичанки одлично го почнаа финалето и го освоија првиот сет. Следуваше одлично враќање на бранителките на трофејот кои во вториот сет прилично лесно успеаја да израмнат на 1:1 во сетови.

Клучен за победникот беше третиот сет. По голема борба Работнички на разлика со 30:28 дојде до предност од 2:1 со што само го најави успехот потврден со доминантно освоениот последен четвртти сет.

Стојанова реализираше 17 поени, Баталаковска имаше 16 за победа на шампионот.

ПретходноФранцузин е најбрзиот скијач во светот – достигна брзина од 255,5 км на час
СледноБутел Скопје без решение за дебитантот, Алкалоид победнички во Автокоманда!