По победата над Малта со 2:1, во првиот меч од квалификациите за ЕВРО 2024, во понеделник нашата А-репрезенатција ќе одигра пријателски меч со селекцијата на Ф. Острови. Натпреварот се игра на Арената “Тодор Проески“ со почеток од 18:00.
Доцна попладнево на теренот на спортскиот центар “Петар Милошевски“ на ФФМ во Скопје, беше одработен и првиот тренинг во комплетен состав, ако се знае дека вчера тренираа само оние кои не играат со Малта.
Познато е дека за дуелот со Ф. Острови, селекторот Благоја Милевски не ќе може да смета на Зајков, Адеми, Димитриевски и Муслиу, но затоа тука е Јован Манев, од тимот на Адана Демирспор, кој доби дополнителен повик.
Секако дека иако е пријателски меч, кога се игра за Македонија секој натпревар е важен и убаво ќе биде да се дојде до нова победа.