Себаљос се радува на неуспесите на Севиља: Ќе бидам најсреќен да испаднат од лигата

784

Некогашниот младинец, а потоа и сениор на Бетис, Даниел Себаљос, изјави дека ќе биде екстремно среќен доколку ја види Севиља во втората лига на Шпанија. Фудбалерот на Реал Мадрид, одговарајќи на прашањето дали сака Севиља да испадне од Ла Лига изјави:

„Сите знаат за ривалството што постои во Севиља. Секогаш кога некој не успее, тоа е победа за противникот. Оваа година Бетис треба да ужива и да го живее овој момент. Секако, ќе бидам среќен ако Севиља испадне“.

Во тековната сезона од шампионатот на Шпанија, ривалите од Севиља се сретнаа во 13. коло од натпреварувањето. Натпреварот заврши нерешено (1:1). Во поредокот во Ла Лига, Бетис е на петтото место, додека Севиља е на 14. место.

ПретходноСтрашно: Братот на српскиот репрезентативец Гудељ доживеа срцев удар на меч во Шпанија (ВИДЕО)
СледноКвалификации за ЕП 2024: Велс го замолкна „Пољуд“, Шпанците со убедлива победа над Норвешка (ВИДЕО)