Во меч кој се играше 4Х30 минути, денеска во Струмица, Силекс со 2:3 ја победи А. Пандев. Тоа беше убава контролна средба за тренерите Александар Васоски и Горазд Михаилов, на која им дадоа шанса на повеќе свои играчи.
Кратовци со головите на Турчин, Милосављевиќ и Катаниќ поведе со 0:3, но следуваа головите на Велиновски и Марио Костов, кои стрелаа за “пандевци“ за конечни 2:3.