Страшно: Братот на српскиот репрезентативец Гудељ доживеа срцев удар на меч во Шпанија (ВИДЕО)

1621

Мачни сцени го одбележаа мечот од третото коло од 29. коло од третата лига на Шпанија меѓу Кордоба и Расинг де Ферол. Во 10. минута од натпреварот српскиот стопер Драгиша Гудељ колабирал на тревникот и останал да лежи неподвижен, а неколку секунди подоцна на теренот се појавиле лекарскиот тим и возилата на брзата помош.

Овој 25-годишен дефанзивец, кој е брат на српскиот репрезентативец и играч на Севиља, Немања Гудељ, имал срцев удар, потврди локалниот медиум La Voz de Galicia.

Штом се освестил, Гудељ бил пренесен во блиската болница, а Кордоба пријавила дека моментално е во добра состојба. Потврдено е дека причина за падот е срцев удар, се чекаат дополнителни наоди.

ПретходноНиколиќ: Немаме оправдувања за ваков лош натпревар!
СледноСебаљос се радува на неуспесите на Севиља: Ќе бидам најсреќен да испаднат од лигата