Одбојкарите на Струмица Никоб се победници на Ф4 завршниот турнир во Купот на Македонија, кој се одржа изминативе денови во Радовиш. Попладнево струмичани со 3:0 во сетови успеаја да слават во големото финале тимот на ГОК Борец од Велес.
Ова е деветта титула за тимот од Струмица во Купот на Македонија.
Како што и се очекуваше, фаворитот во целост ги оправда очекувањата. Во текот на целиот меч доминираше, а по сетови резултатот беше 25:7, 25:23 и 25:18.
По ова сга се очекува од Струмица Никоб да атакува по титулата и во првенството што би значело и освојување на двојната круна.