Тиквеш им се врати на победите во плеј-офот по поразот од Бутел Скопје во минатото коло. На домашен терен избраниците на Данило Брестовац го совладаа Пелистер 2 со 30-26. За кавадарчани ова беше трета победа која им го носи четвртото место на табелата.
Домаќинот беше доминантен во првото полувреме, во кое отвори со 7-2, на одморот оведеше со 15-13. Битолчани изедначија на 17-17, но не успеаја да приредат целосно пресврт. Тиквеш знаеше како да одговори на секоја поголема резултатска опасност.
Кодев со седум гола беше прв стрелец, два гола помалку имаше Хамзиќ. Во редовите на Пелистер, Петровиќ имаше осум погодоци.