Томас Тухел е промовиран како нов тренер на Баерн по отказот на Јулијан Нагелсман. Тухел стави потпис на договор до 30 јуни 2025 година.
„Ова е голема чест за мене. Мојата искрена благодарност за довербата оди до Оливер Кан, Хасан Салихамиџиќ, Херберт Хајнер и Ули Хоенс. Дури и ако работиш некое време во странство, стануваш се повеќе свесен за важноста на Баерн. Баерн има победничка ДНК. Ме воодушевува и начинот на кој се работи тука. Тимот е еден од најталентираните и најдобрите во Европа. Тоа е нешто за кое навистина се радувам да работам со овој тим“, изјави Тухел.
Првиот меч ќе му биде против Борусија Дортмунд на 1 април, поранешниот свој клуб и главниот ривал во трката по титулата во Германија.
„Предизвикот да се започне со натпреварот против Дортмунд не може да биде поголем. Тоа е многу важен натпревар поради нашиот дефицит на табелата и извонредната серија на БВБ. Но, ние ќе се обидеме да го решиме мечот во наша корист“, додаде германскиот стратег.