Французин е најбрзиот скијач во светот – достигна брзина од 255,5 км на час

122

Францускиот скијач Симон Били официјално е најбрзиот скијач во светот откако достигна брзина од 255,5 километри на час. Овој натпревар се одржа во ресорот Варс на француските Алпи.
Претходниот рекорд изнесуваше 254,95 км на час поставен од Иван Оригон во 2016 година на истата патека.

Инаку на овој натпревар, братот на Иван, Симон Оригон ја постави втората најдобра брзина 254,050 км на час што е негов личен рекорд, а третото место го освои Мануел Крамер од Австрија со брзина 252,840 км на час.
Во женска конкуренција триумф на Швеѓанката Брита Баклунд со брзина од 244,930 км на час што е далеку од апсолутниот рекорд на Валентино Грегио од 2016 година исто така во Варс кога достигна брзина од 247,083 км на час.
А на овој натпревар Грегио го освои сребрениот медал (241,880 км на час). Трета е Клеа Мартинез со брзина од 234,780 км на час.

ПретходноМала мешаница во Автокоманда на дуелот меѓу Алкалоид и Бутел Скопје (ВИДЕО)
СледноРаботнички ја одбрани титулата во Купот на Македонија