Квалификации ЕП 2024: Турците ја добија „војната“ во Ереван, Косово со бод од Израел (ВИДЕО)

172

Попладнево се одиграа уште три меча од квалдиикациите за Еп 2024. Во рамките на 1. коло, одличен старт имаше репрезентацијата на Швајцарија која ја совлада Белорусија во натпревар кој се одигра во Нови Сад со високи 5:0. Белорусите добија забрана за настап во сопствената земја поради помагање на Русија во војната во Украина, па во 1. коло мораа да му гостуваат на ривалот во Србија.

Швајцарија пред празните трибини ја совлада Белорусија, а се беше готово по само 29 минути игра, кога гостите водеа со 3:0.

Во оваа група „И“ се одигра и дуелот меѓу Израел и Косово, кој заврши со резултат 1:1.

Во Ереван беше супер интересно и тензично. Ерменија ја пречека Турција и на крајот загуби со 2:1.

Кабак со автогол ги донесе Ерменците во водство во 10. минута, по што Кокча израмни на 1:1 во 35. Минута. Во вториот дел одлуката за победникот падна со голот на Актуркоглу во 64. минута.

ПретходноДуелот меѓу Борац и МЗТ Скопје е прекинат – снема струја!
СледноСтруга со гол во последните секунди до триумф во Неготино, Куманово без проблеми против Скопје