Николиќ: Немаме оправдувања за ваков лош натпревар!

228

МЗТ Скопје не успеа да го добие мечот на сезоната против Борац. Во Чачак, актуелниот македонски првак беше совладан со убедливи 105-84 од претпоследниот тим на табелата, па сега опстанокот во АБА-лига станува невозможна мисија.

„Честитки до Борец за заслужената победа. И пред да дојдам во МЗТ, ситуацијата беше многу тешка и клубот се обидуваше да се спаси од испаѓање од АБА1-лигата. МЗТ има големи амбиции, игра на три фронта.

Се плашев дека ќе паднеме енергетски кога е најпотребно, за жал, тоа се случи сега. Тоа беше периодот во 15 минута, немавме енергија за да сериозно му пружиме отпор на разиграниот Борац.

Причината е во тоа што ние играме на повеќе фронтови, додека други клубови играат само на еден. Сепак, не верувам дека причината за поразот е само во заморот, немаме оправдување ваков лош натпревар со слаба енергија. МЗТ игра добра и современа кошарка, некои за жал не ги доби, пред се мислам на дуелите со Будуќност и Игокеа. После ова се доведовме во ситуација да зависиме од дуелот со директниот ривал и тоа на негов терен. Серија на несреќни околности, се поклопија како што не треба против МЗТ Скопје, ова е многу болен пораз за нас. Ќе видиме како ќе тераме до крајот на сезоната бидејќи има уште многу да се игра во оваа сезона“, изјави Драган Николиќ по поразот. 

ПретходноТФТ на крајот убедлив против Феникс во битката за третото место!
СледноСтрашно: Братот на српскиот репрезентативец Гудељ доживеа срцев удар на меч во Шпанија (ВИДЕО)