Триумф на пенали против Финска и обезбедено финале во Анталија

499

Предмалку  репрезентацијата на Македонија до 21. година успеа да слави над репрезентацијата на Финска на турнирот во Анталија и на тој начин да обезбеди финале на турнирот кој во второто полуфинале играат Словачка и Бугарија.

Македонија по регуларните 1:1 во кој Берал Калкан погоди од пенал за 1:0, а финците изедначија на 1:1, беше подобра по подоброто изведување на пеналите.

За нас погодија Малески, Крстевски, Николов, Фета и Фетаи, а во пенал серијата единствено промаши Марио Илиевски. Сепак, херојот за нас е голманот Марко Алчевски кој одбрани два пенали на противникот.

 

 

ПретходноУ-17: Македонија поразена од Романија
СледноСилекс ја доби контролата со “пандевци“!